Стигна одлуката за милионската отштета, Владата се крсти во правниот тим

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пресудата на Арбитражниот суд во Париз, според која Северна Македонија треба да плати оштета за прекрушување на договорот со ОКТА, е пристигнат пред два-три дена и во моментот се разгледува и анализира од страна на адвокатскиот тим ангажиран од Владата, потврдија од кабинетот на министерот Димитар Ковачевски.

Виктор Андонов, советник за енергетика во кабинетот на Ковачевски, денеска на прес-конференција рече дека наскоро ќе бидат познати следните чекори што ќе ги преземе Владата.

– Адвокаткиот тим, кој е ангажиран од Владата и не застапува, а тоа е „Дехерт” од Франција, ја разгледува и ја анализира пресудата. По завршување на тој процес, заедно со Координативното тело кое е задолжено за арбитражните постапки, ќе ѝ предложат на Владата соодветни чекори што ќе се презмат во однос на објавувањето на пресудата – рече Андонов.

Со донесената пресуда, како што посочи тој, преполовен е износот на оштета што го барала грчката компанија.

– Вкупното оштетно побарување кон Република Северна Македонија, заедно со каматите за периодот 2008-2011 година, изнесуваат 42.646.000 евра. Согласно пресудата, оштетното побарување кое е пресудено од страна на Арбитражниот суд во Париз е за 50 проценти пониско од првичното барање, односно оштетното побарување пресудено од Судот изнесува 21.478.800 евра, што значи дека нашиот адвокатски тим се изборил за преполовување на бараниот износ – рече Андонов.

Грчките и француските медиуми објавија дека Арбитражниот суд во Париз пресудил во корист на грчката компанија и дека Северна Македонија ќе треба да плати оштета од околу 25,5 милиони евра.

Станува збор за процес во кој Република Северна Македонија е тужена страна поради непочитување на обврските произлезени од купопродажниот договор на рафинеријата ОКТА случен во 1999 година.

Share This Article