Статистиката не лаже: Халанд ги надмина и Меси и Роналдо!

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со успешното дерби во Лигата на шампионите во дресот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд ја продолжи својата нереална гол серија…

Секако, никој не може реално да каже дека младиот Норвежанец е подобар од Лео Меси и Кристијано Роналдо, но статистички неговите голгетерски резултати на почетокот на кариерата делуваат нереално.

Халанд во вторникот го одигра својот 20-ти натпревар во Лигата на шампионите и веќе стигна до бројката од 25 гола во ова натпреварување! Тука се бројат и претходните натпревари и голови за Салцбург и Борусија Дортмунд.

За споредба, Кристијано Роналдо не постигна НИКОЈ гол на првите 20 натпревари во Лигата на шампионите, додека Меси осум пати беше стрелец.

Дали да потсетам дека во меѓувреме Португалецот и Аргентинецот станаа убедливо најдобрите стрелци во историјата на Лигата на шампионите. Кристијано Роналдо е прв со 140 гола, Меси втор со 125, Роберт Левандовски и Карим Бензема го делат третото место со по 86 гола.

Исто така, треба да се додаде дека Халанд дебитираше со гол во Лигата на шампионите за секој од претходните клубови. Така беше во дресот на Салцбург, па Борусија Дортмунд и сега Сити.

Досега има одиграно осум натпревари за Граѓаните и постигнато 12 гола (10 во Премиер лигата). Даваше гол на секои 54 минути!

Сега смешно звучат оние кои тврдеа дека Халанд нема да се вклопи во системот на Гвардиола. Се покажа дека е потребен токму таков играч, кој со топката ја финализира работата на бројните мајстори во тимот на Сити предводен од одличниот Кевин Де Брујн.

Халанд, исто така, стана четвртиот играч кој постигнал гол на своето деби во Лигата на шампионите за најмалку три различни клубови, по Фернандо Мориентес (четири клуба), Хавиер Савиола и Златан Ибрахимовиќ.

- Advertisement -
Ad image

Има и такви кои велат дека времето на Меси и Кристијано Роналдо поминало и дека Халанд и Килијан Мбапе сега се главни играчи. Младиот Французин блескаше и во вторникот и постигна два гола во победата на ПСЖ во дербито од првото коло против Јувентус (2:1).

Но, Халанд го престигна Мбапе во една статистика во вторникот. Тој стана најмладиот играч кој постигнал 25 гола во Лигата на шампионите. Досега рекордер беше млад Французин, кој успеа да го направи тоа на 22 години и 80 дена, а Норвежанецот таа бројка ја достигна во вторникот со 22 години и 47 дена.

Share This Article