Стартот во премиер лигата е во знакот на норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд. Норвежанецот во првите три кола постигна седум гола, а на последните два натпревари забележа два хет-трика.
Халанд во Манчестер сити има нестварна статистика, на 102 натпревари има постигнато 97 гола и има 14 асистенции.
Тренерот на англискиот шампион, Пеп Гвардиола, вели дека нема играч кој може да го запре во овој момент, дури ни со пиштол.
– Последниот гол или првиот кога Бернардо му ја додаде топката… Тој е незапирлив. Нема стопер кој може да го запре. Ниту со пиштол. Тоа е невозможно. Тој е премногу моќен – изјави Гвардиола по победата во Лондон, над Вест Хем (1:3).