More

    Старец натерал три деца да ѝ ги украдат партите за лекови на хендикепирана жена

    spot_img

    Против скопјанец на 74-годишна возраст е покренато обвинение за разбојништво, кое го сторил во соизвршителство со три деца на возраст од 15, 13 и 17 години за кои ќе се води постапка согласно Законот за правда на децата – соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.

    „Сите заедно, со употреба на сила врз една оштетена одзеле од неа 30.000 денари. Откако осомничениот добил сознанија дека жртвата – лице со хендикеп и ограничено движење добила парични средства од нејзината ќерка за да купи лекови, тој ги договорил трите деца и со автомобилот ги донел во близина на нејзината куќа на улицата „Патрис Лумуба“ во Скопје.

    На едно од децата му дал чекан во раката, им дал усни насоки како да го извршат делото и им го кажал местото каде жртвата ги чува парите. Трите деца влегле во домот преку вратата која возрасниот осомничен претходно ја оставил отклучена, употребувајќи го клучот што оштетената му го доверила. Кога ја пресретнале жртвата, едно од децата ѝ ја затворило устата, а другите две ѝ ги држеле рацете. Ѝ го одзеле новчаникот каде ги чувала парите и веднаш избегале со возилото во кое ги чекал осомничениот – се вели во соопштението на ОЈО.

    Јавниот обвинител побарал притвор за осомничениот, поради можност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците и опасност да го повтори кривичното дело. За децата постапката е раздвоена, информира ЈО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img