Претставник на компанијата Ривиан на претседателот на Србија Александар Вучиќ му покажа модел на возило, а поради големината на багажникот, кој се наоѓа во предниот дел на возилото, се пошегува дека може да послужи и како базен за деца.
Вучиќ седна зад воланот на автомобилот чија контролна табла е целосно дигитализирана и во која е инсталиран и асистентот на „Google“ – „Alexa“ и повторно се пошегува:
– Јас сум селанец, научив да возам менувач – рече тој.
Вучиќ потоа и додаде на министерката за иновации Јелена Беговиќ дека за тоа живее.
Што е Ривиан?
Вучиќ, денеска во Белград присуствуваше на свеченото отворање на технолошкиот центар на американскиот производител на електрични возила Ривиан.
Калифорниската компанија Ривиан, позната по производството на електрични пикап камиони и теренци, во септември официјално објави дека го отвора својот центар за истражување и развој во Белград со намера да ангажира локален технички персонал и инженери од автомобилската индустрија.
Како што претходно беше најавено, компанијата ќе работи во Србија под името Rivian SE Europe d.o.o. Белград.
Компанијата Ривиан е основана во 2009 година и се занимава со дизајн и производство на електрични возила. Првите модели на возила се „R1T“, „пикап“ со два реда седишта за пет патници, кој беше прогласен за најдобро возило во својата категорија, како и „R1S“, теренец со три реда седишта за седум патници.
Возилата „R1T“ и „R1S“ се опремени со напредни технолошки системи, вклучувајќи електроника на возилото, батерија, електричен погон, шасија, напреден систем за помош на возачот „Driver+“ (ADAS) и дигитално управување.