More

    Становите и останатите недвижнини поскапија за 8% во третиот квартал од годинава

    spot_img

    Становите и останатите недвижнини поскапија за 8% во третиот квартал од годинава, покажуваат податоците на Народната банка.

    Цените на недвижнините годинава бележат континуиран раст. Во првиот квартал цените пораснаа за 4,6%, додека во вториот квартал растот беше од 11%.

    Трендот на раст на цените на недвижнините во земјава почна во 2021 година, а во следната 2022 година цените достигнаа највисоко ниво. Така во третиот квартал во 2022 година цените на становите пораснаа за 21,3 %. Ланскиот трет квартал становите поскапија за 11,1%.

    Според податоците на Државниот завод за статистика годинава изградбата на станови расте. Така во јули за кога има и последни податоци планирани за градба биле 808 станови. Се гради во сите региони, а најмногу во Скопје и во Пелагонискиот регион. Во скопските општини Центар и Карпош во овој месец била планирана изградба на 60 нови станови.

    Агенциите за недвижнини велат дека и покрај високите цени интересот за купување на недвижнини не се намалува.

    Последниот попис во земјава покажа дека 36,6% од становите се празни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img