More

    СТАБИЛНОСТ ВО ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА Премиерот уверува дека нема да им зголемување за домаќинствата

    spot_img

    Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува поскапување на струјата за домаќинствата во јануари.

    Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски рече дека ќе продолжи навременото снабдување со електрична енергија.

    – Не очекувам да има зголемување на цената на струјата за домаќинствата овој јануари. Не очекувам. Од она коешто можам да го заклучам е дека навремено се снабдуваат граѓаните со сите количини на електрична енергија и ќе продолжиме така да ги снабдуваме. Така што, барем од онаа информација со којашто јас располагам не очекувам да има покачување на цената на струјата за домаќинствата – рече Мицкоски, по увидот во работите за изградба на автопатот Гостивар Букојчани.

    Цената на струјата за домаќинствата ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика до која веќе се доставени пресметките на енергетските компании за нивните трошоци. Според последните информации тие побарале од 50 до 80% зголемување на цената на својата услуга. Останува уште да се види со која цена ЕСМ ќе учествува на тендерот на ЕВН за снабдување со електрична енергија.

    Премиерот очекува до крајот на рокот за дополнување на документацијата на проектите на општините да се зголеми бројот на проекти на повеќе од 350.

    – Во тотал со оние проекти кои ќе добиеме со дополнување на документите до 15 ноември ќе заминеме бројката од 350 милиони евра. Но, ние ништо не можеме да направиме за една општина која конкурираше со веќе почнат проект. Жалам што таа општина така одлучила. Во секторот транспорт ќе има 2,4 милијарди евра за реализација на проектите. Таму ќе има нови улици, водоводи, булевари. Наш интерес се граѓаните и не го губиме времето во пишување писменца туку во работа – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img