Срцепарателната смрт на Хинд Раџаб, 6-годишно девојче од Газа, кое претходно молеше за помош го потресе светот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Срцепарателната смрт на Хинд Раџаб, 6-годишно девојче од Газа, кое претходно молеше за помош го потресе светот. САД побараа од израелските власти да спроведат итна истрага за случајот.

– Имаше илјадници други деца кои загинаа како резултат на овој конфликт. Побаравме од израелските власти да го истражат тој инцидент на итна основа – изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Шестгодишното палестинско девојче, чии врисоци и повици за помош ги слушна цел свет, беше пронајдено мртво. До неа беа пронајдени телата на нејзини роднини, како и болничарите кои се обиделе да ја спасат, јави Би-би-си.

На 29 јануари, Хинд Раџаб бегала од градот Газа со нејзината тетка, вујко и тројца братучеди, кога автомобилот во кој се наоѓале бил погоден од тенк и според аудио снимката од разговорот меѓу девојчето и операторот на итната помош, шестгодишното девојче единствено го преживеало нападот. Во моментот на повикот таа се криела меѓу телата на убиените роднини.

Нејзиниот повик за помош бил прекинат со истрели од огнено оружје, кои се слушаат на видеото што го објави Црвената полумесечина. Лекарскиот тим на палестинската Црвена полумесечина во саботата успеал да стигне до местото кое дотогаш било затворено како активна борбена зона, каде што бил автомобилот со девојчето.

Автомобилот во кој се наоѓало семејството бил целосно уништен, а од едната страна бил изрешетан со куршуми.

Девојчето Хинд е меѓу шесте тела пронајдени во автомобилот, сите со прострелни рани и повреди од гранатирање. На неколку метри е пронајдено уште едно уништено возило, целосно изгорено. Според Црвената полумесечина станува збор за амбулантно возило што било испратено да ја земе Хинд. Во гранатирањето на брзата помош загинале и двајцата членови на медицинскиот тим, соопшти Црвената полумесечина, пренесе Би-би-си.

Црвената полумесечина ги обвини израелските сили дека намерно гаѓале амбулантни возила.

Share This Article