More

    Српско-македонски екстремисти блиски до Русија го подготвувале убиството, според косовските медиуми

    spot_img

    Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека на средбата што ја имал со сестринските социјалистички партии во Скопје, добил информации за многубројни закани од поединци и структури „кои имаат корени од официјален Белград“, пренесува косовската радио-телевизија РТК и додава дека „има информации за обид за атентат врз Курти“.

    – Кога дојдов во Скопје, не се чувствував загрозен, но видов дека има многу полициски сили кои ја обезбедуваа средбата што ја одржавме и на која специјален гостин беше претставникот на германската СПД, Ларс Клингбејл – рече Курти за РТК.

    Сигурни извори од безбедносните институции на Косово за РТК велат дека веднаш по седницата на Советот за безбедност на ОН добиле информација дека „Србија се обидува да го убие Курти во Скопје“.

    Тие за РТК изјавиле дека оценките за опасност по животот на Курти се сериозни, особено ако се има предвид дека доаѓаат од повеќе извори.

    Курти во петокот вечерта престојуваше во Скопје, а денеска се врати на Косово.

    Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија реагираше на информациите за наводна закана за косовскиот премиер Албин Курти за време на неговиот престој во Скопје, наведувајќи дека немало обиди за убиство, јавува Косово онлајн.

    Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски во изјава за Телеграф  вели дека немало обид за убиство на Курти.

    Тој изјавил дека полициското обезбедување на Курти било утврдено според правила и протоколи.

    – Ве информираме дека при посетата на косовскиот премиер Аљбин Курти на Скопје немало обиди за негово убиство. Што се однесува до безбедноста при посетата на премиерот Курти, таа беше организирана според однапред одредени правила и безбедносни проценки – изјавил Ангеловски, пренесува Данас.

    Курти за новинарите по враќањето од Скопје изјави дека таму се чувствува безбедно и покрај заканите „од поединци и структури кои имаат корени од официјален Белград“.

    Во саботата, откако им оддаде почит на поранешните активисти на движењето „Самоопределување“, Мон Балај и Арбен Џеладини, кои загинаа за време на протестите во 2007 година, Курти рече дека дознал дека има многу закани од поединци и структури кои имаат корени во официјален Белград.

    Според известувањето од РТК врз основа на податоците од безбедносни избори, се подготвувал атентат врз премиерот на Косово „од можни атентатори на српско-македонски екстремисти, блиски до Руската Федерација, но под контрола на српските институции“ – наведува Коха.

    Во меѓувреме, Владата на Косово преку соопштение тврди дека во Белград е зголемена нервозата, но дека сè е во ред.

    „Нервозата во Белград по седницата на Советот за безбедност на ОН ги зголеми заканите и агресивноста кон премиерот. Во Скопје беа забележани бројни сили на редот. Премиерот не се чувствувал загрозен. Сè помина добро за време на неговиот престој во Северна Македонија“, се наведува во соопштението на Владата на Косово, пренесува Коха.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img