Српскиот тенисер по петти пат е прогласен за најдобар спортист во Европа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Новак Ѓоковиќ имаше уште една сезона за паметење, па српскиот тенисер продолжи да собира индивидуални признанија додека се подготвува за предизвиците што ќе ги донесе 2024 година.

Ѓоковиќ и официјално беше избран за најдобар европски спортист, во изборот во кој учествуваат медиумските агенции ширум Европа. Ова е 66. пат да биде организиран ваков избор за најдобар спортист на „стариот континент“, а Ѓоковиќ по петти пат се искачува на пиедесталот, откако тоа го стори и во 2011, 2015, 2018 и во 2021 година.
Тој освои вкупно 178 поени во гласањето, со значителна предност пред второпласираниот Макс Ферстапен, кој имаше сезона за паметење во Ф1 шампионатот, уривајќи низа рекорди.

Третото место во гласањето му припадна на атлетичарот Арманд Дуплантис, четвртопласиран беше фудбалерот Ерлинг Халанд, додека НБА-ѕвездата Никола Јокиќ се најде на петтата позиција според бројот на освоени гласови.

Share This Article