More

    Српскиот тенисер и светски рекет број еден Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на АТП турнирот во Индијан Велс

    spot_img

    Српскиот тенисер и светски рекет број еден Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на АТП турнирот во Индијан Велс (САД).

    Во второто коло Ѓоковиќ ноќеска го победи Австралиецот Александар Вукиќ во три сета – 6:2, 5:7, 6:3.

    Противник на Ѓоковиќ во третото коло ќе биде Италијанецот Лука Нарди.

    По натпреварот Ѓоковиќ објасни што се случувало.

    -На почетокот бев нервозен. Не бев сигурен дали ќе започнам добро. Прекрасно е што се вратив овде, прекрасен стадион, одлична атмосфера…Го загубив моментумот, не одиграв натпревар повеќе од пет недели. Во третиот сет повторно ја подигнав играта и мислам дека беше добро. Одлични поени, противникот ме натера да играм навистина добро во некои важни моменти. Мило ми е што се случи – изјави Ѓоковиќ.

    Слично како Ѓоковиќ, второто коло го мина и белоруската тенисерка Арина Сабаленка. Таа рано утрово славеше победа над Американката Пејтон Стернс со резултат 6:7 (2:7), 6:2, 7:6 (8:6). Мечот траеше 2 часа и 55 минути.

    Во третото коло Сабаленка која е втора на светската ранг-листа, ќе се сретне со Британката Ема Радукану.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img