More

    Српскиот претседател јавно ја повика НБА-ѕвездата да го облече дресот на Србија

    spot_img

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јавно ја замоли НБА-ѕвездата Никола Јокиќ да игра за репрезентацијата на Олимписките игри во Париз. Тој во интервју на РТС изрази надеж дека Јокиќ ќе се јави на повикот на селекторот.

    – Јас него многу го сакам, многу го почитувам и него и неговото семејство и ако ова може да биде, имам молба за него да се јави на повикот на селекторот. Канаѓаните ќе бидат многу силни, со Џамал Мареј и со Шеј Гилгес Александер и ќе биде многу тешко со нив, но ако некој може да ги победи, тоа е само Србија заедно со Јокиќ во тимот – изјави Вучиќ.
    Никола Јокиќ се врати во Србија и се наоѓа на летен одмор, а селекторот на Србија, Светислав Пешиќ, сѐ уште го нема објавено поширокиот список на кошаркари за Олимписките игри.

    Неофицијално Никола Јокиќ ќе игра за српската кошаркарска репрезентација на Олимписките игри во Париз. Иако центарот на Денвер одби директно да и каже „да“ на кошаркарската јавност и да се стави на располагање на тренерот Светислав Пешиќ, тој е многу блиску до одлуката да го облече дресот и да биде „орел“ на Игрите ова лето.

    Според информациите до кои дојде српска Република од извор близок до Џокерот, во Сомбор се подготвуваат да ја гледаат Србија летово против американскиот дрим тим, Јужен Судан и победникот на квалификацискиот турнир во Порторико, каде освен домаќините, Италија е фаворит за одење на Олимписките игри и Литванија. Во градот „надалеку се знае дека Никола ќе игра во Париз“, поради што еуфоријата од ден на ден е се поголема.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img