Српскиот пејач Никола Роквиќ на својот инстаграм-профил објави спомен од семејниот албум.
Наследникот на истакнатиот пејач на народна музика, Маринко Роквиќ, важи за исклучително побожен човек, за кого семејството е на прво место, што го покажува речиси со секоја објава на социјалните мрежи.
На својата инстаграм-приказна, Никола сподели досега невидена фотографија со Маринко, мајката Славица и помалиот брат Марко, на која се држат за раце.
Никола често објавува фотографии со сопругата Бојана Баровиќ со која има две деца, па веднаш по семејната фотографија објави и фотографија со сопругата и најмладата ќерка Ангелина.
ФОТО: Инстаграм