Српскиот Јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, на Инстаграм објави дека продава неколку автомобили.
Тој нагласи дека е итно и дека цените се максимално спуштени.
На продажба ги ставил автомобилите Мерцедес Бенз АМГ, Ламборџини и Мерцедес кој неодамна ѝ го подари на својата девојка Ања Благојевиќ.
Имено, јутјуберот неодамна на Инстаграм напиша дека не гледа излез од коцкарските долгови. „Зае*ав многу пари и влегов во многу долгови. Немам каде да ги земам парите и не можам да се вратам додека не средам сè. Испаднав навистина глупав, сè зафркнав. Направив големо сра*е, не знам што да правам, је*ига се коцкам“, напиша Богдан, пренесува Блиц.рс.
Бака Прасе е еден од најпознатите инфлуенсери во регионот.
На Јутјуб го следат 2,3 милиони луѓе, а на Инстаграм има 1,2 милиони следбеници.