„Господине претседателе, јас не пукав. Гаѓав од тенк“.
Вака на прашањето „дали пукаше“ му одговори млад српски војник на српскиот претседател Александар Вучиќ на средба во Ниш во средата. Вучиќ во Ниш се сретна со претставници на армијата, а на социјалните мрежи веднаш се рашири овој краток гаф.
Луѓето коментираат дека српскиот претседател не е воопшто запознаен со воената терминологија и не разликува „пукање“ од „гаѓање“.
„Се пука во воздух, а кон мета се гаѓа“, гласи еден од коментарите.
На истиот настн Вучиќ најави и дека ќе го формира т.н. Движење за Србија.