More

    Српски туристи бесни поради цените во Грција

    spot_img

    Tуристи од Србија кои веќе заминале на одмор во Грција непријатно се изненадиле од цените на храната и на лежалките на некои плажи на нивните омилени дестинации, објави српски Курир.

    – Кај нас гирото лани беше 3 евра, сега е од 7 до 9 евра! Кафето на плажа е 7 евра. Но, не е порција гиро, порцијата е уште поскапа, обичното гиро чини толку! Овие цени воопшто не ги очекувавме. Секоја година семејно одиме во Грција и сега бевме непријатно изненадени од цените. Изнајмувањето лежалки е од 7 до 10 евра, што не е толку колку на други места, но храната е прескапа. Па, за четири гира треба да платиме и до 36 евра. Во Србија за тие пари можеме да јадеме двапати – вели незадоволна туристка.

    На некои плажи комплет лежалки чини од 10 до 40 евра.

    На страната на Инстаграм nikana.gr се појави фотографија од плажа на Тасос, каде изнајмувањето чини и до 40 евра.

    – На плажата има неколку локали во кои може да се користат и лежалки заедно со пијалоци, а цените се движат од 10 до 40 евра од комплет – се наведува во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img