Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ по кратката пауза во Мадрид се врати на обврските во Јувентус. Прочитај повеќе
Тој се појави во тренинг центарот на Старата дама со масерати од 120 илјади евра за да го продолжи процесот на рехабилитација, но запре поради неговата верна навивачка.
Тој ја забележал веднаш по пристигнувањето на тренинг, а повторно ја видел кога заминувал.
Накратко застанал и ја повикал кај себе, а потоа го извадил дресот и и го подарил. Девојчето остана без зборови, а видеото од целиот настан стана вирално на социјалните мрежи.
Влаховиќ поради повреда го пропушти последниот квалификациски циклус каде Србија практично го обезбеди еврото, но наскоро би требало да се врати на терените.