More

    Српската царина привремено го стопира приоритетниот превоз

    spot_img

    Царинската управа на Србија одлучи привремено да го запре преминот на границата со приоритет, откако одредени превозници се пожалија дека се злоупотребува статусот на приоритетен граничен премин и дека вон сезона за свежо овошје и зеленчук во ладилници  се превезува друга стока, а се користи приоритетното преминување на границата.

    Забраната, како што соопшти српската Царинска управа  ќе важи до конечен договор со превозниците како да се регулира оваа област.

    Здруженијата на превозници  ќе треба до крајот на неделава да дадат предлози како да се реши прашањето со режимот на приоритетното поминување на границата за превозниците кои превезуваат лесно расиплива стока.

    „Договорениот начин на поминување на границата веднаш ќе почне да се применува“, соопштија од Царината.

    Во соопштението не се наведува дали ова запирање на приоритетниот превоз ќе важи и за превозниците од другите земји.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img