Српската полиција речиси ја отфрлила можноста двегодишната Данка Илиќ да била киднапирана, а ја носи во игра можноста девојчето да било продадено од некој од околината

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српската полиција речиси ја отфрлила можноста двегодишната Данка Илиќ да била киднапирана, а ја носи во игра можноста девојчето да било продадено од некој од околината, тврди неименуван извор за српски „Информер“.

По објавеното видео од Виена кое сугерира дека Данка била префрлена преку граница со две жени од Романија, српската полиција ја прошири истрагата.

Но, доколку се докаже дека во видеото не се работи за Данка Илиќ, тогаш, според Ивана Стевановиќ од Институтот за криминолошки и социолошки истраги во Србија, станува збор за трговија со луѓе, во овој случај, со цел посвојување, пишува Блиц.

Седми ден се трага по девојчето. Родителите и семејството на Данка одново даваат искази по нови информации од системот „Пронајди ме“.

Share This Article