More

    Српската пејачка Сара Јо на својот инстаграм-профил објави фотографија од болничкиот кревет и нагласи дека била итно оперирана

    spot_img

    Српската пејачка Сара Јо на својот инстаграм-профил објави фотографија од болничкиот кревет и нагласи дека била итно оперирана.

    Сара Јо ги загрижи своите обаватели кога објави дека морала да оди на операција.

    „Беше во прашање рутинска операција, но би сакала оваа приказна да биде потсетник да одите на редовни прегледи и да го слушате своето тело“, напишала Сара, а потоа додала:

    „Последното го научив дури на триесет години“.

    Во овие моменти, покрај семејството, на Сара голема поддршка е и момчето, танчарот Жига Сотлар.

    – Мислам дека луѓето разбираат колку се сакаме. Жига и јас влеговме во врска која е посебна… уживаме во неа и не брзаме да ја подигнеме на повисоко ниво, во смисла на свадба. Сега градиме кариери и тоа е најважно за нас. Живее во Љубљана, но повеќе е во Белград. Важно е да се сакаме, останатото полека ќе го носиме, важно е да функционираме совршено – изјави претходно Сара и додаде:

    – И двајцата „кликнавме“ на прва! Почувствувавме посебна енергија, но тој беше во врска, а и јас. Кога ги прекинавме тие врски, тогаш се „најдовме“.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img