Српската пејачка Марија Шерифовиќ на почетокот на декември преку сурогат мајка доби син на кого му го даде името Марио

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Српската пејачка Марија Шерифовиќ на почетокот на декември преку сурогат мајка доби син на кого му го даде името Марио.

Среќната вест подоцна ја објави на социјалните мрежи, а редовно објавува фотографии и видеа со синот, не криејќи ја среќата.

Марија сега разнежни многумина со фотографијата од нејзиниот син и облеката која е направена специјално за него.

Станува збор за маица на која панда е облечена во сини панталони и со шешир и значка на шериф, а над неговата глава пишува: „Шериф“.

Пејачката гордо го сподели ова и јасно стави до знаење кој е сега „газда во куќата“.

Сите празници ги поминаа заедно во Белград, во луксузниот стан во Белград на вода. Марија без сомнение ужива во најубавата улога во животот.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article