Српската пејачка Романа Паниќ ќе застане на лудиот камен на почетокот на следната година.
Како што дознаваат тамошните медиуми, Романа ќе го изговори судбоносното „да“ на агентот за недвижности Филип Мркајиќ, со кој пред две години беше уапсена во Австралија поради кражба.
Пејачката наголемо ја подготвува свадбата за повеќе од стотина гости, која е закажана за почетокот на следната година.
– Свадбата ќе се одржи во еден ресторан во Белград на почетокот на следната година. Романа веќе ја одбрала својата венчаница, а готови се и поканите за гостите. Тие живеат заедно долго време, па стапувањето во брак е чиста формалност, меѓутоа, свадбата е нејзина желба, која Филип сака да ѝ ја исполни – вели добро информиран извор.
Во јануари ќе навршат четири години откако таа е во врска со Филип, поради што го избрале токму овој датум за венчавката, како што пренесуваат српските медиуми.
Организацијата на целата свадба ѝ е препуштена на Романа и ќе биде по нејзина замисла.
Да потсетиме, Романа и нејзиниот избраник беа уапсени во Австралија во јуни 2020 година, откако полицијата откри дека поставиле апарати за снимање на три банкомати во Бризбејн во текот на март и април. Потоа пејачката помина неколку месеци во затоа, па беше депортирана во Белград, а по враќањето продолжила да живее со Филип.
ФОТО: Инстаграм