Српската пејачка Јелена Карлеуша вчера објави дека ставила крај на 16-годишниот брак и го потпишала спогодбениот развод. Кратко по неа, се огласи и Душко Тошиќ.
Дописот ви го пренесуваме во целост, кој го објави на својот инстаграм-профил.
„Почитувани медиуми и пријатели,
По 16 години брак спогодбено се разведов од мајката на моите деца Јелена. Спогодбата е составена заемно и на задоволство на сите, а најмногу се однесуваше на иднината на нашите деца, што нам ни е најважно.
Се договоривме целиот наш заеднички недвижен имот да им припадне на нашите ќерки Ника и Атина. Исто така, секоја моја обврска како татко и машка фигура се подразбира. За мене најважна ставка беше да можам да поминувам време со нашите деца кога ќе посакам и кога и да имам можност.
Што се однесува до односот помеѓу мене и Јелена, нормално е кога ќе се случи развод да има гнев и искри, но се надевам дека и тоа еден ден ќе престане. Мислам дека Јелена е добра мајка и добар пријател и би сакал да останеме пријатели и да имаме добар однос заради нашите деца. На Јелена ѝ посакувам сè најдобро и секогаш ќе бидам тука за мајката на моите деца како и за моите деца. Сите грди работи треба да се останат зад нас и само нашите деца да бидат центарот на нашиот свет како што се. Голем поздрав, Душко“, пишува во соопштението што го објави Душко Тошиќ на Инстаграм.