Српската пејачка Јелена Карлеуша, која три децении ја освојува публиката со своите хитови, се одлучи за нов предизвик – актерството. Според информациите, Карлеуша за првпат ќе се проба во актерството во 2024 година, а деталите за нејзиниот ангажман и улога во српската серија се држат во тајност.
Според добро упатен извор, Јелена Карлеуша добила епизодна улога во српска хит серија. Иако сè уште не се познати деталите, снимањето се очекува да започне оваа пролет, а серијата се очекува да се емитува кон крајот на оваа или почетокот на следната година.
На социјалните мрежи се појави информација дека серијата е поврзана со познатиот српски актер Лазар Ристовски, а Карлеуша неодамна го „тагна“ актерот на својот Инстаграм, што дополнително ги подгреа шпекулациите за нивната соработка.
– Новогодишните пораки повеќе не се она што беа! П. С.: Драга Лазаре, имаш ваква карактерка пријателка и уште не сме го потпишале договорот за најгледаниот филм на сите времиња – напишала пејачката.