More

    Срѓан Керим ја спореди ситуацијата со спорот меѓу Словенија и Хрватска

    spot_img

    Ситуацијата со Бугарија треба да се реши на начин што ќе мора со Брисел сериозно да се разговара и Брисел да најде формули и начини како што ја убеди Словенија во спорот со Хрватска да не ја блокира на патот кон ЕУ, тоа да го направи и во случајот со Бугарија. Ако Македонија е синоним за мир и стабилноста во овој регион сега кога имаме војна во Украина и во Европа, Македонија заслужува поинаков третман од ова мрцварење и гњавење кое на ништо не личи.

    Ова го изјави поранешниот шеф на дипломатијата и претседавач на 62 Генерално собрание на ОН  академик д-р Срѓан Керим, на новинарско прашање по промоцијата во Скопје на неговата нова книга „Свет без граници”.

    – Јас мислам дека оваа ситуација со Бугарија треба да се реши на начин што ќе мора со Брисел сериозно да се разговара за некои работи кои во претходниот период беа гледани како, да ги наречеме преседани, но никому не направија пречка да влезе во ЕУ. Имаме пример на Словенија и Хрватска. Тие имаат далеку неспоредливо посериозен проблем територијален, и Словенија едно време сметаше дека тоа треба да биде пречка за влегување на Хрватска во ЕУ. Брисел најде формули и начини да ја убеди Словенија тоа да не биде така и да продолжи да се решава прашањето. Никаква причина не постои со оглед на референците на Македонија во претходните 20 години почнувајќи од кризата 2001 година кога во кризниот менаџмент со ЕУ не само што го решивме меѓуетничкиот конфликт на домашен план, туку добивме како прва земја од Западниот Балкан Спогодба за стабилизација и асоцијација. Не може тие работи да се игнорираат ако правиме историјат на нашите односи и гледаме денес ситуација со Бугарија. Ова со Бугарија што се чини мислам дека не служи на чест никому, ниту на ЕУ, ниту на Бугарија, ни никому, во целава оваа ситуација – вели Керим прашан како да излеземе од оваа комплицирана ситуација со Бугарија.

    Тој смета дека Брисел при своите одлуки мора да го земе предвид целокупниот придонес на земјава и вложувањата во мирот и стабилноста во регионот.

    – Затоа што Македонија после сè што направи за ЕУ и за мирот и стабилноста во овој дел на светот, впрочем американскиот државен секретар Колин Пауел во Скопје дојде 2001 година и ги викна сите министри за надворешни работи од целата регија тука на средба која единствено имаше за цел да се зборува за мирот и стабилноста. Значи, ако Македонија е синоним за мир и стабилноста во овој регион сега кога имаме војна во Украина и во Европа Македонија заслужува поинаков третман од ова мрцварење и гњавење кое на ништо не личи – дециден е академик Керим.

    Професорот Нано Ружин коментирајќи го предлогот од вчера одржаниот Совет за национална безбедност, за забрана за пристап на еден европратеник и неколку други лица од Бугарија, оцени дека последните настани навистина ги влошиле билатералните односи, но не очекува дека тоа може да доведе до повторни вета од Бугарија. Самиот принцип на персона нон грата се однесува на дипломати, но, вели, исто така е проширен и на политичари. Посочи на примерите со Де Гол за Квебек во 1968 или за Курт Валтхајм 1987 година од страна на САД – непријатни работи коишто, вели, провоцираат и реципроцитет.

    – Секако, дека тоа е првиот степен на загриженост. Значи, ако ние направиме тоа тие ќе ни возвратат. Втора работа, тоа сепак е иницијатива, сè уште не е реално потврдена. И третиот елемент е, ние се наоѓаме во серија на настани коишто навистина ги влошуваат односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Секако, тоа не е добро. Претпоставувам дека ќе има одредени тензии итн., но не верувам дека е можно да дојде до некои нови иницијативи и блокади од повеќе причини. Прво дека се работи за ЕУ, за заедничката надворешна политика на ЕУ. Второ Бугарија нема влада, така што таа е повеќе насочена кон своите избори. И трето, се очекува да се види што ние ќе направиме во овој период, односно на кој начин и како ќе се реализира она што е ветено – промена на Уставот и внесување на останатите етнички заедници во Уставот – вели Ружин.

    Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за надворешни работи Антонио Милошоски, пак смета дека во случајот со Бугарија грешката е направена со Договорот за добрососедство од 2017 година и дека и доколку се направат уставни промени можни се нови пречки од Софија на нашиот пат кон ЕУ.

    – Суштинската грешка е направена во 2017 година кога предност му се даде на времето наместо на квалитетот за потпишување на Договорот помеѓу Македонија и Бугарија во којшто договор нема ниту една посебна гаранција дека отстапките коишто ги бара Бугарија од Македонија ќе значат перспектива за полноправно членство во ЕУ.  И затоа мислам дека фалинките од овој договор овозможуваат и во иднина и по други прашања, па дури и да се внатрешно-политички бугарски теми, да се поставуваат препреки на патот на Македонија кон ЕУ.  Јас мислам дека тоа ќе остане да не следи во овој период на евроинтеграции и, за жал, мислам, е еден недостаток којшто и во иднина ќе има дополнителни политички фактури коишто ќе стигнуваат од соседна Бугарија – вели Милошоски кој е и поранешен шеф на дипломатијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img