More

    Среќните фаќачи на светиот крст во Охрид, Прилеп, Тетово и Дебар

    spot_img

    Васко Довлев од Варош беше најсреќниот меѓуповеќе од 400 капачи кои денеска на Богојавление-Водици скокнаа во водите на Охридското езеро по осветениот крст. Васко беше даруван со подароци од митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј.

    Силниот ветар и водата која имаше 9 степени  не ги поколеба верниците, а настанот беше прилично посетен како што тоа е обичај во Охрид.

    фото: јутјуб/принтскрин

    Младиот Марко по вторпат го фати крстот во Прилеп

    Гулаби летаа во Прилеп традиционално за Водици, а 14-годишниот Марко Ристески по вторпат го фаи крстот во осветените води во црквата „Св.Благовештение” во Прилеп. Меѓу 20-тината скокачи имало и девојче.

    Марко е деветто одделение во ОУ „Блаже Конески”. Тој вели дека имал здравје и среќа, а им посака на сите да имаат здравје и радост. Притоа тој доби пригодни подароци од општината и од општествено одговорни фирми.

    Ивица Јовановиќ го фати крстот во Тетово

    Триесет и седумгодишниот Ивица Јовановиќ го фати осветениот крст на годинешното празнување на Богојавеление – Водици во Соборната црква „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово.

    Литургијата, чин на водосвет и спуштање на осветениот крст во црковниот базен ги изврши митрополитот г. Јосиф. По крстот скокаа и врсните на Ивица, Александар Ќировски и Александар Пауновски.

    – Нека дава Господ на сите здравје, среќа, напредија да има. Прв пат скокам по крстот, прв пат го фаќам крстот – изјави Ивица Јовановиќ.

    Тројцата учесници во традиционалното одбележување се од населбата Колтук. Од црковниот одбор Ивица Јовановиќ беше даруван со пригодни подароци.

    Осумгодишниот Павел беше најсреќниот во Дебар

    Осумгодишниот Павел беше најсреќниот меѓу скокачите по крстот во цкрвата „Света Петка“ во Дебар, на традиционалната прослава на Водици. Црковниот одбор и верниците го даруваа Павел со подароци. Заедно со Павел по крстот скокна и Дамја Стефановски.

    Селата Битуше, Горенци, Гари и Долно Мелничани заживеаја за празникот. Идната година, кумството ќе виде на семејството на Љупчо Узуновски.

    фото: МИА
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img