More

    Среќа што кредитот за пругата кон Бугарија не е земен, па нема да плаќаме пенали

    spot_img

    Да се пренаменат парите од пругата кон Бугарија за други проекти нема да може, но може да ги замолиме кредиторите да ги резервираат парите и за нив повторно да аплицираме во нов заем, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

    Таа, на брифинг со новинарите денеска покрај другото ги  појасни изјавите на премиерот Христијан Мицкоски и на министерот за транспорт и врски Александар Николоски кои најавија дека ќе се бара од Европската инвестициска банка и ЕБОР кои ја кредитираат пругата кон Бугарија да овозможат пренамена на парите за пругата кон Грција.

    Димитриеска Кочоска тврди дека со кредиторите може да се зборува само за нов заем, но не и за пренамена на средствата за пругата.

    – Ги слушам изјавите, но не е така. Вие кога барате наменски кредит не може за друго да го користите. Исто е и во овој случај. Може само да ги замолиме да ги резервираат парите и да аплицираме за нов заем, но да се пренаменат не може – рече на брифинг со новинарите министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

    Според неа, добрата вест е што овој кредит не е ефектуиран, па нема трошоци и затоа нема да плаќаме пари за неповлечени средства.

    Таа информира дека веќе имало средба со Европската инвестициска банка каде што биле на маса ставени сите аргументи зошто пругата кон Бугарија не треба да се гради.

    – Тоа е траса од Драч во Албанија до Бургас во Бугарија. Хипотетички ќе ја направиме, но што добиваме економски. Од Европската инвестициска банка ми кажуваат дека е тоа НАТО аспект. Но јас ги прашав дали НАТО и ЕУ ќе нѐ сакаат ако банкротираме. Имаме проблем со пругата кон Солун која е многу поважна за нашето стопанство – рече министерката.

    За третата фаза од железничкиот Коридор 8, од Крива Паланка до границата со Бугарија обезбедени се 560 милиони евра. 350 милион евра се од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка. Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан земен е грант од 150 милиони евра, а од ИПА 2 програмата 60, 7 милиони евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img