More

    Средношколците се изборија за посебни простории и тет-а-тет средби со училишните психолози

    spot_img

    Сојузот на средношколци соопшти дека Министерството за образование прифати 4  негови предлог-мерки за подобрување на менталното здравје на учениците и меѓуврсничкото насилство во училиштата.

    Овие мерки, како што соопштија од сојузот се опфатени во деветтата и десеттата препорака на Владата.

    Како најважна за нив е обврската  за сите  училишта да обезбедат просторни услови за стручните соработници со цел да бидат отворени за ученици и доколку имаат потреба учениците да можат да закажат и тет-а-тет средба со својот училиштен психолог  како и подготовката на протоколот за дефинирање на новиот модел за работа на училишните психолози. Во подготовката на моделот  ќе учествуваат и средношколци.

    – Создавањето на протокол за дефинирање на новиот модел на работа на училишните психолози, односно истите да остваруваат тет-а-тет средби со учениците наместо да вршат административна работа е заложба на Сојузот на средношколци уште од мај 2021 година. Оттука, Сојузот позитивно реагира на одлуката за отпочнување на процес оваа наша визија да стане реалност – велат од сојузот на средношколци.

    Оттаму ја поддржуваат и препораката на Владата за создавање на општински совети за превенција на детско претстапништво преку локалните самоуправи и Државниот совет за превенција на детско претстапништво.

    – Во препораката јасно е наведено дека е потребно вклучување на Сојузот на средношколци во овие совети. Ние нотираме дека дел од општините тоа веќе го имаат направено, а истите вклучено претставници од Сојузот за членови во овие тела – велат од Сојузот.

    Средночколците додаваат дека ќе продолжат активно да се вклучуваат во сите процеси сè додека се спроведе новиот модел на работа на училишните психолози – тет-а-тет средби со учениците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img