Средношколец од гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип на „Инстаграм“ објавил текст со заканувачка содржина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Средношколец од гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип вчера на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавил текст со заканувачка содржина. Случајот го потврди СВР Штип од каде информираа дека тој е приведен, затоа што е полнолетен.

– Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 18-годишниот Б.Д. од Штип, бидејќи во 12:18 часот од гимназијата во Штип, каде тој е ученик, било пријавено во полиција дека на неговиот профил на Инстаграм објавил текст со заканувачка содржина. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопшти СВР-Штип.

Директорот на училиштето Марјан Арсов денеска во изјава за медиумите рече дека службите во училиштето разговарале со ученикот и со неговите родители.

– Во текот на вчерашниот ден добивме дојава дека на социјалните медиуми од еден ученик има закана. Тоа кај нас го вклучи алармот и како директор и училиште ги презедовме сите мерки што ни се на располагање. Беше повикана целата служба и родителите на ученикот и се разговараше на таа тема – изјави Арсов.

Според него, настава има во двете смени.

– Апелираме до родителите совесно да ги пуштат децата на училиште и дека сѐ ќе биде во најдобар ред – рече Арсов.

Ова е прва ваква објава на социјалните мрежи од ученик во Штип.

Фото: МИА

Share This Article