More

    Средбите со европските челници ќе бидат клучни пред да се прати писмото до ЕУ

    spot_img

    Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи македонската делегација во германската престолнина каде ќе седне на иста маса со лидерите на Берлинскиот процес. Разговорите од таму ќе бидат клучни за подготовка на писмото со кое ќе се дадат нови идеи за продолжување на преговорите за членство во Европската Унија.

    Писмото ќе биде испратено до сите инволвирани, а треба да ги потврди недвомислена волја за дијалог, реформи и изнаоѓање решение.

    – Писмото е во подготовка. Патувам утре во Берлин, има состанок на Берлинскиот процес, ќе разговарам со голем број од европските политичари и сакам пред да го испратам писмото и содржината, да имам уште малку повеќе јасна слика за тоа до каде можеме и што можеме да направиме – рече Мицкоски на вчерашната прес-конференција.

    Додека владата е на ставот дека има простор за подобрување на македонските позиции во евроинтеграциите и за тоа бараат конструктивност, за опозицискиот лидер Венко Филипче тоа се манипулации за да се закочи иднината на земјата.

    – Ако очекуваат дека СДСМ наивно ќе даде поддршка на идеи кои значат понатамошни блокади, решенија во кои никој не верува освен тие самите во Белата палата, тогаш се излажале. Ние нема да бидеме параван за нивните пропаднати политики. Нека покажат лидерство, нека покажат храброст и најважно од сè, нека покажат искреност – рече Филипче.

    Премиерот не се согласува со тоа дека нема реална можност Македонија да дојде до поддршка од Брисел за интеграциите без диктати.

    – Не би се согласил дека нема оптимизам. Не би се согласил со ставот дека таму не постои разбирање за нашите позиции. Ако не се смени преговарачката рамка тогаш најдобро е да прифатиме сè што бараат соседите, да се избришеме, и тогаш ќе бидеме најсреќни? Така јас не водам политика. Ако некој друг така водел политика во минатото, да ги ограбува граѓаните и да се самоизбришува, тогаш тие беа поразени пред четири месеци – рече Мицкоски вчера на прес-конференција во Владата.

    Мицкоски порача дека е подготвен во кое било време да ги продолжи разговорите со Бугарија за надминување на блокадите. Сепак тој нагласи дека во никој случај нема да прифати преговори преку диктат и условувања, туку процес кој ќе биде базиран исклучиво на аргументи и почитување на Копенхашките критеиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img