Средба Тошковски-Бомгартнер: Знаеме што сакаме, имаме искуство и желба со чесно и посветено работење да ги постигнеме европските вредности дома

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Денеска (16.04.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Сирил Бомгартнер. На средбата, министерот Тошковски имаше можност да ја презентира програмските цели на новата Влада и приоритетите дефинирани во Министерството за внатрешни работи, меѓу кои бескомпромисната борба со организираниот криминал и корупција, планот за реорганизација на управните служби и новата систематизација на работните места, промената на системот за обука, со акцент на континуираните обуки, дигитализацијата на министерството и процесите.
- Advertisement -
Ad image

„Точно знаеме што сакаме, имаме искуство и желба со чесно и посветено работење да ги постигнеме европските вредности дома“, потенцираше министерот Тошковски на средбата. Амбасадорот Бомгартнер ја изрази својата увереност во јасните идеи за перспективите на државата, потенцирајќи ја важноста на безбедносните прашања и безбедноста како фундаментално право. Неговата Екселенција даде силна поддршка во делот за сите потребни обуки на полициските службеници, потсети дека десет француски полициски службеници веќе учествуваат во операцијата на Фронтекс и се грижат за безбедноста на нашата јужна граница и изрази уверување дека взаемната соработка и поддршката ќе продолжат и само ќе се интензивираат.

Share This Article