Работна средба помеѓу градоначалникот Кирил Пецаков и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, се одржа денес во кабинетот на градоначалникот.
На средбата градоначалникот и министерката разговараа за меѓусебната соработка, особено во делот што се однесува на УНЕСКО, како и за подобрување на комуникацијата помеѓу сите засегнати институции и организации. Градоначалникот ја запозна министерката со тековните проекти кои се одвиваат во градот, како и за активното учество на Општина Охрид во изработката на трите планови за Охрид и за процесот со дислокација на депонијата „Буково“.
Заедно беше констатирано дека веќе воспоставената добра соработка помеѓу Локалната самоуправа и Министерството мора да продолжи во интерес на градот.