Средба Бесими – Бо Ли: РС Македонија продолжува со спроведување здрави политики, потврдени со ПЛЛ

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

РС Македонија води здрави макроекономски политики. Тоа минатата година беше потврдено од страна на 

Меѓународниот монетарен фонд со одобрувањето на пристап на земјата до средства од Програмата за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). Поволните средства обезбедени преку оваа програма претставуваат основ и даваат  гаранција за спроведување на таквите политики и во наредниот период. Ова беше заклучено на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со заменик на генералниот директор на ММФ Бо Ли, во рамки на Годишните средби на ММФ и СБ во Маракеш, Мароко.

„Меѓународниот монетарен фонд минатата година преку Програмата за претпазливост и ликвидност – ПЛЛ на РС Македонија и стави на располагање 530 милиони евра. Тоа беше дел од нашите напори во услови кога на финансиските пазари цените се високи, да обезбедиме средства по најповолни услови, од една страна, а од друга страна добивме и потврда за исправноста на политиките што ги водиме. Од обезбедените средства 110 милиони евра се веќе повлечени и ставени во функција на справување со енергетската криза и инфлацијата“, рече министерот Бесими.

Тој потенцира дека се останува на определбата за обезбедување финансирање на буџетот по најповолни услови и во рамки на тоа спроведување на постепена фискална консолидација и намалување на буџетскиот дефицит.

„Фискалната политика предвидува етапна фискална консолидација. Буџетскиот дефицит од 4‚6% во 2023 година, колку што е проектиран, се предвидува во 2024 година да изнеусва 3,4%, во 2025 година 3% од БДП и до 2028 година да се намали на 2,5%“, посочи Бесими и потенцира дека при тоа учеството на капиталните расходи се зголемуваат на 5% од БДП на годишно ниво што е суштинско за обезбедување повисоки стапки на економски раст.

Како што беше истакнато на средбата од Буџетот се сервисираат сите обврски редовно. Буџетскиот дефицит останува на исто ниво во номинален износ, иако беше направена прераспределба на средства заради исплата на зголемените плати за јавната администрација и пензиите, а при тоа се креираат и мерки за справување со ценовната и енергетската криза, за што се издвоени 225 милиони евра во Буџетот и дополнително со прераспределбата 4,55 милијарди денари.

Share This Article