Србите ќе останат на Косово, вели Вучиќ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српскиот претседател Александар Вучиќ во градот Станари во БиХ изјави денеска дека „Србите од Косово и Метохија ќе продолжат да живеат во јужната српска покраина и покрај желбата на привремените институции на премиерот на Приштина Албин Курти и многу други да исчезнат од тие области“, јави дописникот на МИА од Белград.

– Србите од Косово и Метохија ќе останат на Косово и Метохија и покрај желбата на Албин Курти и Ненад Чанак и Соња Бисерко и многу други Србите од Косово и Метохија да исчезнат – рече Вучиќ одговарајќи на новинарски прашања да коментира за тоа што Владата во Приштина објави дека претседателката на Хелсиншкиот комитет во Србија, Соња Бисерко и поранешниот лидер на Лигата на социјалдемократите на Војводина (ЛСВ), Ненад Чанак, го информирале Курти дека Вучиќ наводно сакал да ги пресели Србите од Косово и Метохија во Санџак, соопшти РТС.

Вучиќ додаде дека во животот видел разни циркуси, но дека никогаш не видел циркус каков што се подготвени да направат Албин Курти, Соња Бисерко и Ненад Чанак.

– Немаше да ми текне да смислам такво нешто. Кратко, но глупаво – изјави Вучиќ.

Share This Article