Србија подготвува неколку измени на Законот за безбедност во сообраќајот со кои ќе се воведат нови забрани, а се со цел да се стави крај на арогантните возачи и да се намали бројот на сообраќајни несреќи.
Ова го соопшти министерот за транспорт на Србија Горан Весиќ.
-Една од мерките што ќе се воведат е забраната за меѓусебно престигнување на шлеперите, ова повеќе нема да се толерира кога шлеперите ќе се престигнуваат на автопатот. Ова го успорува, но и го загрозува сообраќајот. Бројот на инциденти со шлепери се зголемува. На камионите мора да има церада, за да не падне чакал или што било друго што го превезуваат камионите – изјави Весиќ.
Една од новините ќе биде ограничувањето на моќноста на моторот за возачи помлади од 25 години
– Ние како министерство инсистираме, кога станува збор за лица до 25 години, бројот на коњски сили на автомобилите што можат да ги возат да биде ограничен. Сега има ограничување за пробна возачка дозвола, но оваа граница треба да се прошири на годините на животот. Сакаме да го намалиме бројот на жртвите на минимум, а за жал сме сведоци на ситуација кога голем број млади луѓе умираат токму поради тоа што користат автомобили што не можат да ги возат со своето возачко искуство – рече Весиќ.
Тој додаде дека од следната година патарина ќе се наплаќа не само на автопатиштата, туку и на експресните патишта, но за камионите за влечење и на магистралите. На овие патишта нема да има наплатни пунктови, а цената на патарината ќе биде пониска отколку на автопатите.
– На најважните автопати ќе се наплаќаат патарини за шлепери со осно оптоварување од над седум и пол тони. За наплата на патарина ќе се користи многу успешен систем од Унгарија, а за тоа веќе е потпишан договор – рече српскиот министер за транспорт.