More

    Србија одреди коридори по кои можат да се движат камионите кои транзитираат

    spot_img

    Камионите кои транзитираат или минуваат низ Србија повеќе не можат да излегуваат од автопатиштата и да ги користат регионалните и локалните патишта за да избегнат плаќање патарина. Ова го наложува новата уредба со која е утврден коридорот за транзит на товарни возила по автопатиштата.

    Србија одреди преку кои  гранични премини можат да транзитираат камионите при влегувње и излегување кон  Северна Македонија, Бугарија, Хрватска и Унгарија, поточно граничните премини Хоргош, Батровци, Градина, Прешево и Келебија.

    – Странските камиони кои транзитираат до и од тие премини можат да стигнуваат само по автопат и нема заобиколување од овие коридори. На сите гранични премини се поставени сообраќајни знаци кои ги предупредуваат странските камионџии за транзитните коридори по кои треба да се движат. Тие што отстапуваат од коридорот прават прекршоци за кои се предвидени казни – изјави министерот за транспорт на Србија Горан Весиќ кој ја образложи.

    Тој информира  дека има одредени коридори за камиони кои транзитираат кон Црна Гора, Босна и Херцеговина и Романија кои не се автопатишта, но и странските камиони кои транзитираат не смеат да ги напуштат овие коридори.

    Тој рече и дека на овој начин нема да се губат огромни суми на пари од патарините.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img