More

    Најдобриот светски тенисер импресиониран од пирамидата на Сонцето

    spot_img

    Новак Ѓоковиќ решил да изгради дом за себе и за своето семејство во градот Високо, во непосредна близина на т.н босански пирамиди на Сонцето, кои во последните години брзо се здоби со планетарна слава и стана привлечна туристичка дестинација благодарение на археологот и пронаоѓач д-р Семир Османагиќ, но и на најдобриот светски тенисер кој редовно оди во долината на босанските пирамиди, каде што, според неговото признание, „го нашол својот мир“, пренесува Курир.рс

    – Сум бил на многу енергетски места на нашата планета, но ниту едно не е толку силно. Ако има рај на земјата, тој е тука. Ова е куќата на мојата душа. Моето субјективно чувство е феноменално и ме фасцинира пирамидата на Сонцето – вели Новак Ѓоковиќ за посетата на Високо.

    Српските медиуми пренесуваат дека најдобриот светски тенисер често престојува во Високо со своето семејство и дека одлучил тука да изгради и сопствена куќа која ќе биде направена од природни материјали.

    – Новак го сака Високо. Тој го избра ова место како едно од оние места каде што се ресетира и ја надополнува својата енергија. Секогаш кога доаѓа е одлично расположен и полн со позитивна енергија, која секогаш ја добива дополнително кога и да ги посети пирамидите во Босна. Досега секогаш го изнајмуваше истото сместување, па престојуваше во голема куќа изградена од природни материјали, која од сите страни е опкружена со шума и зеленило.Неодамна одлучил дека ова е местото каде што сака да изгради нова куќа за своите најблиски и за себе, па реализацијата на тој проект започнала веднаш. Куќата се гради на приватен имот. Нема да биде голема зграда, ќе се вклопува во околината и ќе биде направена од природни материјали – камен и дрво и во склад со природата – вели упатен извор од Високи за Курир.рс

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img