More

    Србија не сака да ризикува неконтролирано ширење на вирусот, децата на распуст до 21 февруари

    spot_img

    На основците и средношколците во Србија, поради пикот на коронавирусот, а со одлука на Министерството за образование, продолжен им е февруарскиот распуст, јави дописникот на МИА од Белград.

    – По бројните консултации и разгледување на целата ситуација и прогнозите дека пикот на овој бран на вирусот се очекува на средината од месецот, донесов одлука за продолжување на распустот. Учениците со спојување на викендот, државниот празник (Сретење) и со дополнителни два дена ќе имаат вкупно девет слободни денови. Првиот работен ден ќе биде понеделник, 21 февруари – изјави министерот за образование Бранко Ружиќ.

    Поради тридневното продолжување на есенскиот распуст во првото полугодие, како и поради оваа одлука, училиштата се должни до крајот на учебната година да надополнат два работни дена, додека учебната година ќе биде продолжена за три дена и ќе трае до петок, 24 јуни јуни 2022 година, соопштија од Министерството за образование.

    Од понеделник, 7 февруари, во средните училишта и вториот циклус од основното образование (5-то до 8-мо одделение) наставата ќе се одржува по комбиниран модел (ден за ден, учениците поделени во две групи), додека учениците од прво до четврто одделение од основните училишта настават ќе ја следат непосредно, одлучи Тимот за следење и координирање на примената на превентивните мерки во работата на училиштата.

    Според податоците од надзорот преземени од електронскиот систем „Служба за јавно здравје“ доставен до Министерството за образование, наука и технолошки развој од Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ во неделата од 27 јануари до 2 февруари 2022 година, бројот на болни деца на училишна возраст од 6 до 18 години изнесува 4.935 (0,64 проценти) пациенти.

    Учеството на деца на училишна возраст во вкупниот број потврдени случаи на ковид-19 во истиот период изнесува 4,8 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img