Полицијата во Бараево, Србија го уапсила Н.Л. (34) кој со лопата ја претепал девојката на пумпата, а потоа и полицаецот додека го апселе, дознава Telegaraf.rs.
Според Телеграф.рс, тој продолжил со насилничкото однесување во полициската станица кога рекол дека ќе го направи истото како момчето од Врачар, а во заканите дури го споменал и Вељко Беливук.
Девојката и полицаецот побарале помош од лекар.
„Штом влезе во полициска станица рече дека ќе пука во сите и дека ќе го направи истото како „момчето од Врачар“. Тој продолжи со заканите и го спомна и кланот на Вељко Беливук, тврдејќи дека тој работел за него. Во револтот поради апсењето удрил друг полицаец. Тој е приведен во полиција“, вели соговорник на Телеграф близок до истрагата.
Нападот се случил во саботата на пумпа во Бараево, а осомничениот бил сослушан во основното јавно обвинителство во Младеновац.