More

    Србија доби ново оружје од Русија и покрај санкциите воведени кон оваа земја поради инвазијата на Украина

    spot_img

    Србија доби ново оружје од Русија и покрај санкциите воведени кон оваа земја поради инвазијата на Украина, пренесува Асошиејтед Прес. Се работи за систем кој одбива дронови. Српскиот претседател Александар Вучиќ го претстави системот пред јавноста во средата, ден пред националниот ден на Србија.

    – Ова е „Repellent“. Не е толку силен како „Krasuha“, но е одличен – порача Вучиќ.

    Во последно време Србија забрзано се вооружува, а најголемиот дел од оружјето го купува од Русија. Дел од материјалот доаѓа од Кина, а дел од европските производители.

    Во исто време, Александар Вучиќ често му се заканува на Косово, чиј суверенитет Белград не го признава. Претседателот на Србија во своите говори забележува дека во случај на напад на НАТО врз Србија, како оној во 1999 година, Србија би била во друга позиција.

    – Тие би морале да напаѓаат од далечина, од Медитеранот или Јадранот, со крстаречки ракети – вели Александар Вучиќ.

    Според написот на Асошиејтед Прес новото оружје пристигнало во Србија пред неколку месеци.

    Ввоздушниот простор околу Србија речиси целосно им припаѓа на членките на НАТО кои се согласија на западните санкции против Русија. Србија е единствената европска земја која одби да учествува во европските санкции против Русија и е единствената со официјални договори за соработка со Москва.

    Србија поради преземањето на руската страна во конфликтот со Украина доби предупредувања од Брисел и закани дека нема да стане членка на ЕУ доколку продолжи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img