More

    Спортистите се жалат на недостиг на храна во Олимпиското село во Париз

    spot_img

    Спортистите се жалат на недостиг на храна во Олимпиското село во Париз, пишува „L’Equipe“.

    Според францускиот спортски весник, имало ограничувања на бројот на јајца за време на појадокот во средата. Спортистите се жалат и на брзината на обновување на храната.

    Од компанијата која организира угостителство во Олимпиското село признаа дека има проблем и активно работат на негово решавање.

    Претходно се дозна дека климатизерите ќе бидат поставени во Олимпиското село во Париз пред самиот почеток на Игрите.

    Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, која ја предводи инфраструктурната група на Олимпијадата „Солидео“, минатата година ја отфрли можноста за користење на преносливи климатизери во селото, додека други официјални лица нагласија дека тие не се неопходни.

    – Многу ја почитувам удобноста на спортистите, но многу повеќе размислувам за опстанокот на човештвото – изјави Идалго за француското радио Франс Инфо во февруари 2023 година.

    Париските Олимписки игри имаат цел да ги намалат вкупните емисии на јаглерод на половина од нивото од претходните игри во Лондон во 2012 година и во Рио де Жанеиро во 2016 година.

    Олимписките игри 2024 година ќе се одржат во Париз од 26 јули до 11 август.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img