More

    Според Пентагон, кинескиот балон над САД не собирал разузнавачки информации

    spot_img

    Кинескиот шпионски балон што беше соборен од американски воен авион над Атлантикот во февруари не собирал разузнавачки информации додека летал над Соединетите држави, соопшти во четвртокот Пентагон.

    „Сега проценуваме дека тој не собирал податоци додека ги минувал Соединетите држави или летал над САД“, рече портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер. Тој додаде дека САД „презеле чекори за да го ублажат“ собирањето разузнавачки информации со балон, но не објасни што сакал да каже со тоа.

    Кинескиот балон од крајот на јануари до почетокот на февруари годинава прелета над САД од Алјаска на северозапад до Јужна Каролина на исток. Леташе над чувствителните воени објекти и предизвика загриженост дека Пекинг собира витални разузнавачки информации.

    Претседателот Џо Бајден нареди да се собори балонот, што го направи воен авион на 4 февруари над Атлантикот во близина на Јужна Каролина. Американската војска ги собрала остатоците од морето и ги прегледала.

    Инцидентот предизвика нови тензии меѓу Пекинг и Вашингтон, при што државниот секретар Антони Блинкен го откажа долго планираното патување во Кина во февруари, чија цел беше подобрување на билатералните односи. Блинкен потоа го посети Пекинг неодамна и посетата беше поздравена како успешна во Вашингтон.

    Кина негираше дека балонот бил наменет за собирање разузнавачки информации, за што Американците првично тврдеа. Бајден пред неколку дена изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг не ни знаел за балонот и дека целиот инцидент е само голем срам.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img