Пендаровски: Станува збор за транзициски предлог и треба да се прифати само како одлука државата да ги отвори преговорите за членство во ЕУ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност на која се разгледуваше францускиот предлог за отстранување на пречките за старт на преговорите на Македонија, рече дека не е точна перцепција кај дел од јавноста, дека оваа е судбинска дилема да се биде или не и дека деновиве треба да донесеме одлука за нашата судбина, ако го или ако не го прифатиме францускиот предлог.

Според шефот на државата, станува збор за транзициски предлог и затоа, како што рече, негов став е дека треба да се прифати само како одлука државата да ги отвори преговорите за членство во ЕУ.

– Не е точно дека историјата е услов. Предлогот како главно барање го има внесувањето на бугарска заедница во нашиот Устав. Неговото прифаќање или неприфаќање нема да биде ниту историски триумф, ниту историски дебакл – рече Пендаровски.

Тој додаде дека очекува заклучоци на Владата, ако таа го прифата предлогот, дека мора да ја содржат реченицата „Од денот кога ќе ги отвориме преговорите до нивното завршување, ако има дополнителни обиди за спомнување влез во дискусиите македонски јазик и македонска историја, во истиот момент да се повлечеме од преговорите.

– Постои страв дека Европа игра лицемерна политика, и граѓаните реално е да го имаат тој став. Но во моите разговори и со Шолц, и со Макрон, и со високи европски функционери, немам добиено впечаток дека тие сакаат да ја разнебитат македонската нација – рече шефот на државата.

Тој вели дека зборува за транзициски компромис, затоа што тој во себе има предвидено нова блокада – наша домашна, знаејќи дека е недостижно потребното двотретинско мнозинство.

Share This Article