Според Ковачевски партнерите треба да ги делат исти вредности

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сѐ уште важи понудата на СДСМ сите политички партии, невладини и други организации, како и поединци кои ја делат визијата за европска Македонија да ни се приклучат на изборите на 24 април и 8 мај, изјави денеска поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски по положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Тој потврди дека со Арбен Таравари се сретнал, но со Зијадин Села, како што нагласи, нема разговарано, само се виделе во Парламентот.
– Земјава има изградено демократско општество во кое секоја политичка партија и поединец може слободно да ги носи своите одлуки – рече Ковачевски на прашањето што ако Алијанса отиде во опозиција.

Ковачевски истакна дека местото на политичките партии е во коалиции со кои делат исти вредности.

Share This Article