Според Хил германско-францускиот план треба да се спроведе до крајот на годината

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, смета дека роковите за формирање на Заедницата на српски општини на Косово(ЗСО) споменати во медиумите се разумни и реални и дека ЗСО би можело да се формира до летото, додека француско-германскиот предлог може да се имплементира до крајот на годината, пишуваат српските медиуми.

– Мислам дека луѓето мора да работат секој ден за да најдат решение. Мислам дека е реално да се предложи тоа да се случи оваа година, затоа мислам дека оваа година е значајна, мислам дека предлогот е позитивен и може да се спроведе – рече Хил додавајќи дека поентата е Србија и Косово да се вратат на потпишаното од Бриселскиот договор.

Според него односите меѓу САД и Србија се подобруваат билатерално, но и на економски план.

– Инвестицијата е 4,5 милијарди долари и тоа се сериозни пари – подвлече Хил за вкупните американски вложувања во Србија за оваа година кои според него доаѓаат од големите американски компани заинтересирани да инвестираат во идните генерации.

Share This Article