Британскиот дерматолог Рошан Равиндран реши да го тужи Кристијано Роналдо затоа што му должел околу 50.000 евра за ботокс, открива британски Сан.
Легендарниот Португалец му останал должен на докторот Равиндран за неколкуте третмани извршени уште кога Роналдо настапуваше за Манчестер Јунајтед.
Докторот тврди дека Роналдо му должи околу 50.000 евра и бара да си ги наплати услугите по судски пат. Равиндран е еден од најдобрите дерматолози во Велика Британија.
Лекарот конкретно не ја споменува партнерката на играчот Џеорџина Родригез (30), но во тужбата тврди дека работел за Роналдо „и членовите на неговото семејство и придружбата“ во сопствената клиника во Чешир.
– Тој процес е во тек и не сакам да зборувам за моите пациенти – рече докторот на прашањето на британските новинари за случајот.
Британските новинари шпекулираат дека е многу веројатно дека имал третмани со ботокс пред претходното Европско првенство во Германија поради фотографијата направена на мечот со Словенија.
Одредени светски познати медиуми тврдат дека тоа воопшто не е тужба поради неплатена сметка за ботокс, туку за зголемување на обемот на пенисот на Роналдо.
За тоа пишува и рускиот „Шампион“, а своевремено веста за таквиот третман ја пренесоа водечките шпански спортски медиуми, а „Ас“ и „Марка“.