Специјалци со кучиња влетаа во затворот „Идризово“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Многу пари, 11 мобилни телефони, ножеви и прашкаста материја беа пронајдени по извршениот претрес во 14 ќелии и во две соби во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции – ЕБР, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје – информираа денеска од МВР, спровеле координирана полициска акција во затворот „Идризово“, во насока на превентивно делување, како и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи.

Од МВР информираат дека овие претреси се резултат на продлабочената меѓуинституционална соработка.

„Целта на овие претреси е пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор“, се наведува во соопштението од МВР.

Останатите пронајдени предмети за време на претресот, како резултат на постапувањето по наредби за претрес, издадени од судија за претходна постапка, ќе бидат предадени на затворска служба за понатамошна постапка.

Share This Article