Лионел Меси ја направи разликата и беше херојот во победата на Интер Мајами против Далас (5-4 на пенали) со која тимот од Флорида обезбеди пласман во четвртфиналето од Лига Купот на северна и централна Америка.
Аргентинецот постигна хет-трик и му донесе четвртфинале на Интер Мајами. Првиот гол го постигна во 6.минута за почетното водство на својот тим. Далас успеа да направи пресврт, поведе со 3-1 и во поголемиот дел беше во позитива. Но, Интер Мајами го имаше Меси во решавачките моменти. Со атрактивен погодок од слободен удар во 85.минута, Меси изедначи на 4-4 и донесе продолжение, а потоа беше прецизен и од белата точка во пенал рулетот и заврши со хет -трик и со победа.
На четирите официјални средби во дресот на Интер Мајами, Меси има постигнато постигна 7 гола и има една асистенција и веќе е главна ѕвезда и на амаериканската фудбалска сцена.