Спасувачките тимови попладнево во вештачкото езеро Глажња во општина Липково го пронајдоа телото на 29-годишен локален жител по кого се трагаше неколку дена

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Спасувачките тимови попладнево во вештачкото езеро Глажња во општина Липково го пронајдоа телото на 29-годишен локален жител по кого се трагаше неколку дена.

Директорите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов и Беким Максути, денеска беа на терен кај вештачкото езеро.
Во потрагата на момчето кое минатата недела исчезна во водите на вештачкото езеро беа вклучени шест нуркачи од „Тигрите“, осум нуркачи од „Волците“ тимови и нуркари од ДЗС. При потрагата на брегот асистираа и полицајци од СВР Куманово.

– За жал условите и денеска се лоши, видливоста е многу слаба. На само неколку метри од брегот длабочината доаѓа до повеќе од 10 метри за на неколку метри од брегот да има длабочина поголема од 20 метри. Нашите нуркачи се обучени и нуркаат до максимум 40 метри длабочина – изјави денеска Ангелов.

Share This Article