Спасовски во интервју за Утринската програма на НРТ: Процесот на преговори е важен за да се применат европските вредности во институциите

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Утринската програма на НТВ беше запрашан за придобивките од членството во НАТО, преговорите со ЕУ, како и за меѓународната агенда на МВР.

Според него, стремежот на кој се развива современата македонска држава од 90-та година до денеска се темели на остварување на двете стратешки цели на Република Северна Македонија, а тоа се членството во НАТО и ЕУ.

„Денеска ги гледаме придобивките од членството во НАТО – што значи да се биде во семејството со најмоќните во воено-политичкиот дел. Што значи да имате на кого да се потпрете кога е во прашање безбедноста, територијалниот интегритет и суверенитет. Втората цел е членство во ЕУ и нема кој не го посакува тоа. Не само што ќе станеме дел од ЕУ семејството, туку ќе ги живееме тие европски принципи во институциите. Затоа е толку важен процесот на преговори, бидејќи тие европски вредности мора да се применат во живеењето, во начинот на размислувањето, во државните институции”, истакна министерот Спасовски.

Во однос на преговорите со ЕУ министерот Спасовски го потенцираше фактот дека Македонија не е истата држава која била во 1990-те, 2000-те и денеска.

„Таа се развива, напредува, меѓутоа ни претстои период на преговори, клучни придобивки после многу години ги започнавме преговорите и тоа треба да е основен приоритет на сите политички субјекти во државата. Низ дебата, низ разговор во законодавниот дом може да дојдеме до решение кое значи продолжување на целиот процес. Сега трае скриниг процесот, а наредната година, кон крајот, ќе треба да го отвориме и првиот кластер”, истакна министерот Спасовски.

Запрашан за Извештајот на ЕУ во контекст на заедничка национална политика, министерот Спасовски истакна дека во извештајот на ЕУ јасно е посочено за заедничката национална политика: „Мораме да имаме национална свест за тоа да го операционализираме. Зависи од нас самите –  затоа е важно дијалогот да се врати во институциите, да се работи на остварување на националните интереси. Најважно во овој момент е како да се воспостави систем во кој ќе функционираат механизми за да дојдеме полесно на остварување на оваа стратешка цел, да станеме членка на ЕУ“.

Министерот Спасовски истакна дека во ова време на економска и енергетска криза, може да се види колку е важно да се биде дел од тој голем сојуз, во однос на големите пазари, можности на државата да учествува во економските текови, но и колку се големи можностите за помош, давајќи и конкретен пример: „Летово имаше гужви на границите, поради зголемено движење за 45%, а политичките субјекти реагираат на нашето членство во ЕУ – дека не е приоритет, а до друга страна реагираат за гужвата на граници. Нема механизи да нема гужви, освен членство во ЕУ“.

Во однос на прашањето за меѓународната агенда на МВР, министерот Спасовски ја истакна последната посета на Женева, Обединетите Нации, при што ги истакна и главните приоритети на МВР.

„Во однос на посетата на Женева, чест е да се претставува државата на 73. Сесија на Програмата на Високиот комесар за бегалци во ООН и горд сум што Високиот комесар Филипо Гранди го потенцираше напредокот на Северна Македонија во однос на спроведувањето на политиките, усогласувањето на политиките во делот на бегалците. Како држава покажавме како и на кој начин се спроведуваат постапките во делот на азил, почитувањето на човековите права и слободи, партнери сме со УНХЦР и тоа е препознаено. Имаме висока оценка во овој дел и важно е за нашето меѓународно позиционирање, за довербата која ја ужива државата дека сме кредибилни партнери во многу меѓународни иницијативи и организации. Тоа беше добро се слушне пред сите држави во Обединетите Нации дека заедно работиме на справување со миграцијата, против тероризмот и сајбер нападите”, истакна министерот Спасовски, при што ги напомена и претстојните работи посети во врска со Прашкиот процес и Берлинскиот процес закажани за овој месец, додека во ноември нашата држава е домаќин на годишната конференција на Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

- Advertisement -
Ad image
Share This Article